Достапни линкови

Иванов неделава ќе се сретне со Давитковски


Претседателот Ѓорге Иванов во текот на оваа недела ќе го прими претседателот на Комисијата за настаните од 24 декември во Собранието проф. Борче Давитковски кој поднесе оставка. Се очекува Давитковски на Иванов да му ја достави оставката од претседателското место на Комисијата, откако не беше постигнат договор за извештајот со препораки за ланските настани пред и во Парламентот. Според партиските членови на Комисијата, не е постигнат договор за четири точки од извештајот.
XS
SM
MD
LG