Достапни линкови

logo-print

Загриженост за политичката ситуација во Босна и Херцеговина


Босна и Херцеговина се наоѓа во веројатно најтешката политичка криза по завршувањето на воените судири, а приближувањето кон ЕУ и НАТО е во застој, констатирано е на денешната средба меѓу претседавачот со Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ и Патрик Мун, амбасадорот на САД. Мун, кого Комшиќ денеска го прими во проштална посета, рече дека земјата и натаму ја ужива поддршката на САД, особено во делот на процесот за приклучување кон НАТО и добивањето статус кандидат за Европската унија. Комшиќ изрази загриженост за сегашната состојба во Босна и Херцеговина и запирањето на сите процеси што се однесуваат на НАТО и ЕУ, додавајки дека е крајно време да дојде до деблокада на овие процеси и одговорните да почнат да ја работат својата работа.
XS
SM
MD
LG