Достапни линкови

Најави за протести и штрајкови во Грција


Членовите на Федерацијата на средношколските професори најавија протест во центарот на Атина поради владините планови за прераспоредување на 2.000 професори на други работни места. Грција до крајот на годинава мора да стави 25.000 државни службеници во резервна работна сила, во рамки на обврските кон „тројката“ кредитори. Владата соопшти дека повеќе од половина од професорите ќе бидат прераспоредени на работни места во Министерството за здравство. Ако за нив нема работа во следните осум месеци, ќе бидат отпуштени. Здравствените работници во болниците, домовите и амбулантите ќе штрајкуваат во среда, во знак на незадоволство од владиниот план за вклучување на 2.500 здравствени работници во т.н. „мобилна шема“, што значи прераспределба или отказни решенија.
XS
SM
MD
LG