Достапни линкови

ЦЕФТА ќе го разледува македонскиот условен увоз на пченица


Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ќе оценува дали Македонија ги прекршува одредбите од договорот со мерката за условен увоз на српска пченица и брашно, која владата ја донесе за да го заштити домашниот пазар, јавуваат медиумите. Македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски, од друга страна, смета дека состанокот е само формален и дека е постигнат договор со српските власти мерката да важи до крајот на годинава. Српскиот министер Данило Голубовиќ во изјава за печатот вели дека со Македонија е постигнат договор за укинување на условниот увоз на 15 август.
XS
SM
MD
LG