Достапни линкови

logo-print

Ѓукановиќ ги демантира обвинувањата во „Снимка“


Црногорскиот премиер и лидер на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ ги отфрли наводите дека имало злоупотреба на државните ресурси во корист на изборна победа на партијата на сослушувањето пред парламентарниот Анкетен одбор за расветлување на аферата „Снимка“. Аферата е поврзана за објавувањето на аудио снимки од седниците на органите на ДПС, на кои се зборувало за употреба на државните ресурси во партиски цели, односно вработување по партиска припадност пред одржувањето на минатогодишните парламентарни избори. Црногорскиот премиер смета дека „Снимка“ е т.н. афера, односно плод на опозициската манипулација со цел да оствари подобар резултат на претседателските избори кои се одржаа во април.
XS
SM
MD
LG