Достапни линкови

Попоски се сретна со Венизелос, се разговарало за името


Перспективите за напредок во евроинтеграциите под тековното литванско и следното грчко претседавање со Европската унијна како и можностите за подинамичен дијалог околу спорот со името се дел од темите на кои разговарале министерот за надворешни работи Никола Попоски и грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. Министерот за надворешни работи Попоски престојува во работна посета на Брисел по повод 10-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија. МНР соопшти дека на средбата тој ги истакнал заложбите за интензивирање на македонско-грчките односи како и потребата од зголемена посветеност на политичко ниво на Атина.
XS
SM
MD
LG