Достапни линкови

Проблемот со името си има свои редовни коментатори


Хајд паркот за Законот за пушење, саботната анализа за ветувањата на власта, текстовите за името, привлекле најмногу коментари.

„Да, и тоа одма и да се носат сите оние што предлагаат вакви глупи закони“, одговорил Џони од град Тафта, веројатно закоравен пушач, на нашето прашање во Хајд паркот дали треба да се либерализира Законот за пушење. Други пушачи или непушачи, очигледно, не се толку ревносни како Џони.
Испраќањето на писмото до Самарас е генијален потег. Во момент на примање на Хрватска во ЕУ, значи, кога целиот притисок се насочува кај нас, се праќа ова писмо. Грујо точно го прочита Самарчето.
Коментар на читател.

Пред фактите и боговите молчат, рекол на времето некој умен човек: нашата саботна нализа „Предизборниот есап на власта не излегува“ со детален пресек на ветувањата и приоритетите од предизборната програма на владејачката партија за, на пример, колку се зголемени економскиот раст и вработеноста, дали се зголемени производството, извозот и инвестициите, за интеграцијата на земјава во НАТО и во ЕУ... - добила кратка, но содржајна
Премиерот Никола Груевски и словенечкиот претседател Борут Пахор на прошетка низ Старата скопска чаршија.
Премиерот Никола Груевски и словенечкиот претседател Борут Пахор на прошетка низ Старата скопска чаршија.
порака од Југ од Гевгелија: „Браво за анализата!“.

Проблемот со името секогаш си има свои редовни коментатори. Текстот „Кој не сака решавање на спорот за името“ го испровоцирал МКД да напише дека испраќањето на писмото до Самарас било „генијален потег. Во момент на примање на Хрватска во ЕУ, значи, кога целиот притисок се насочува кај нас, се
Во Македонија сиромашните луѓе ја поддржуваат полицијата и пендрек политиката, дремат на форуми и се „залагаат“ за татковината. Уште и сендвич ако падне... полна капа.
Коментар на читател.
праќа ова писмо. Грујо точно го прочита Самарчето“, пишува МКД, „значи го има предвидено овој одговор. Писмото на Грујо само по себе е фарса, но одговорот е многу значаен и позитивен за нас. Самарчето наместо да глуми дека е позитивен во празните преговори, наседна!“

Сакам Неќам смета дека „на сите им е јасно дека нашето писмо беше само фарса и шминка, како и сė останато, демек се прават иницијативи за кои однапред се знае дека ќе бидат со негативен одговор... Тоа е само замајување на домашната јавност и несакање вистински напредок за тој проблем оти вака им е одлично на тие што се на власт“.

Интересни се коментарите по прилогот: „Полицијата тепа според закон“ меѓу кои Макмак смета дека „во Македонија сиромашните луѓе ја поддржуваат полицијата и пендрек политиката, дремат на форуми и се „залагаат“ за татковината. Уште и сендвич ако падне... полна капа...“

Редовниот МК Обсервер со забелешки до новинарите на нашево Радио: „Чесните држави не спонзорираат активности и текстови насочени против легитимните органи на редот на друга држава. Вие, истите едни, и онака се разбирате во сė... и судство, и полиција, и медиуми, и човекови права...,, искоментирал МК Обсервер, кој праќа коментари за речиси секоја тема.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG