Достапни линкови

ЕУ: Дали Хезболах е терористичка организација?


Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска ќе расправаат за тоа дали да ја стават либанската шиитска група Хезболах на списокот терористички организации. Ваквата одлука за која е потребна согласност на сите членки на Унијата ќе го отвори патот за европски санкции против Хезболах. Според некои извештаи, се уште некои земји се противат на таквиот чекор. Хезболах која соработува со Иран, беше воведена во врска со бомбашкиот напад во Бугарија во минатата година кога беа убиени петмина израелски туристи.
XS
SM
MD
LG