Достапни линкови

Најмалку 47 мртви во земјотрес во Кина


Најмалку 47 луѓе загинаа a околу 300 се повредени во земјотрес кој изутрината ја погоди северозападната провинција Ганс, соопштија кинеските локални власти. Земјотресот е со магнитуда од 6,6 степени. Потресот се почувствувал во повеќе градови во тој регион. Припадниците на војската и на полицијата се упатени во загрозените подрачја за да се вклучат во акцијата за спасување, а локалните власти обезбедија прва помош и шатори.
XS
SM
MD
LG