Достапни линкови

logo-print

Министерот за надворешни работи на Белорусија во прва посета на ЕУ од 2010


Министерот за надворешни работи на Белорусија денеска треба да го посети седиштето на ЕУ во Брисел,за прв пат од санкциите кои беа воведени за владините претствници по преседателските избори во 2010 година и по справувањето со поддржувачите на опозицијата. Министерот за надворешни работи Владимир Макеи поранешен главен советник на претседателот Александар Лукашенко беше на црната листа на ЕУ за белоруските официјални претствници, со која им се забрануваше влез во ЕУ. Но неодамна ЕУ ги откажа визните рестрикции. Макеи ќе присуствува на состанок на Источната партнерска иницијатва на ЕУ, на покана на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и на Комесарот на ЕУ за проширување Штефан Филе. На претседателските избори неколку кандидати учествуваа во трката против Лукашенко, а опозициските активисти организираа масовни протести поради изборни нерегуларности.
XS
SM
MD
LG