Достапни линкови

logo-print

Во вторник потпис за договорот „Јужен тек“


Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски по покана од Руската Федерација, утре ќе замине за Москва, каде што во вторник треба да биде потпишан договорот за „Јужен тек“.Како што објасни денеска премиерот Никола Груевски, Руската федерација ја информирала Владата дека се завршени сите постапки од нивна страна кои се неопходни за склучување на договор. Дополнително ќе се утврдува со кој крак Македонија ќе биде приклучена кон „Јужен тек“, дали преку Бугарија или Србија. Тоа, според Груевски, ќе биде одлука на „Гаспром“, а не наша.
Инаку, иако беше најавено од Владата, на економскиот самит во Санкт Петербург на крајот на јуни, Македонија не го потпиша договор со Русија за вклучување кон овој гасоводен проект.
XS
SM
MD
LG