Достапни линкови

Скопје доби Аква парк


Граѓаните на Скопје од денеска ќе можат да се разладуваат, забавуваат и рекреираат во првиот аква парк во главниот град, кој се наоѓа во рамките на спортскиот центар Борис Трајковски. На површина од 12.000 метри квадратни во Аква паркот се изградени 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, санитарни јазли, соблекувални и прва помош. Под објектот има стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата.
XS
SM
MD
LG