Достапни линкови

Владеачката коалиција победи на изборите во Јапонија


Коалицијата на премерот на Јапонија Шинзо Абе победи на изборите за сенатори во Парламентот, јави државната телевизија НХК.Резултатите на Абе му овозможуваат контрола врз двата дома во Парламентот,за прв пат во овие шест години. НХК јави дека десничарската Либерално демократска партија со кој претседава Абе, зедно со сојузничкта центристичка партија во горниот дом на Парламентот, освоиле апсолутно мнозинтсво на денешните избори за половина од 242 сенатори .Главната опозициска партија Демократската партија на Јапонија доживеа уште еден дебакл по поразот на парламентарните избори минатата година.
XS
SM
MD
LG