Достапни линкови

Пакистанскиот советник за надворешни работи во Кабул


Пакистанскиот советник за надворешни работи Сартај Азис денеска треба да има разговори со претседателот на Авганистан Хамид Карзаи,во рамки на настојувањата за подобрување на релациите меѓу двете соседни земји. Ова е прва посета во Авганистан на пакистански официјален претставник од формирањето на новата пакистанска влада по изборите во мај. Односите меѓу двете земји често се тензични бидејќи Авганистан го обвинува Исламабад дека ги подржува талибанските милитанти, кои се обидуваат да го соборат авганистанскиот режим.
XS
SM
MD
LG