Достапни линкови

logo-print

Попладне пороен дожд,грмежи и засилен ветар


Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека денеска во попладневните часови во одредени делови на земјата ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат пообилни проследени со силен ветер, силни електрични празнења и изолирана појава на град.
Кон крајот на денот и во ноќните часови, во југоисточните делови од земјата се очекува локално невреме, а наместа врнежите ќе надминат 25 литри на метар квадратен.Во Скопје и околината попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд со грмежи и засилување на ветерот. Температурата во 11 часот изнесуваше 28, а се очекува да достигне до 33 степени. ев/11:53
XS
SM
MD
LG