Достапни линкови

Белгискиот крал Алберт Втори го отстапи тронот на својот син Филип


Белгискиот крал Алберт Втори денеска го отстапи тронот во корист на неговиот син, престолонаследникот Филип, на денот кога се одбвележува националниот празник на Белгија. 53 годишниот Фили станa седмиот по ред монарх.Алберт Втори кој оваа година полни 79 години претходно најави дека поради лошата здравствена состојба ќе абдицира на 21.јули. Тој таа одлука ја донесе по 20 години владеење. Пред почетокот на церемонијата кралот Алберт Втори,во саботата ги повика белгијците да останат обединети и да продолжат да се ангажираат со Европската Унија за надминување на економските потешкотии. Белгиските кралеви понекогаш имаат и политичка улога, на пример, при именувањето влади и на средбите со политичарите за формирање коалициска влада по избори .
XS
SM
MD
LG