Достапни линкови

logo-print

На Нов Зеланд земјотрес од 6,9 степени


Земјотрес со магнитуда од 6,9 степени денеска ја потресе областа околу главниот град на Нов Зеланд,Велингтон, соопшти Американскиот институт за геофизика. Засега нема информации за поголеми штети или повредени. Полиција соопшти дека имало мали оштетувања поарди кои делови од градот се без струја. Не е издадено предупредување за опасност од цунами. Денешниот земјотрес е најсилниот во серијата потреси во овој регион во изминатите неколку денови .Во 2011 години на Нов Зеленд имаше земјотрес со магнитуда од 6,3 кога загинаа 185 луѓе.
XS
SM
MD
LG