Достапни линкови

logo-print

Египет ќе работи на измени и дополнувања на Уставот


Комитетет од 10 египетски експерти се очекува да се состане денеска и да почне да работи на измени и дополнувања на Уставот. Уставот беше суспендиран по военото уривање на режимот на претседателот Мухамед Морси на 3 јули.Комитетот кој го назначи привремениот претесдател Адли Мансур е составен од универзитетски професори и судии.Тие имаат на располагање 30 денови да ги изработат измените и дополнувањата, што ќе бидат презентирани пред египетското општество Ова тело има 60 денови да ја достави финалната драфт верзија на Устaвот за која треба да се гласа на националнен референдум.Привремениот премиер Хазем ел Беблави претходно повика за ставање крај на насилствата и порача дека безбедноста мора да биде повторно воспоставена.

XS
SM
MD
LG