Достапни линкови

logo-print

Неделен печат - Лустрација и инвестиции


Лустрацијата на Божин Павловски, посетата на индискиот бизнисмен Субрата Рој, завршувањето на истрагата за смртта на Никола Младенов, се дел од темите за кои пишуваа неделниците.

Авторот на колумната „Од дистанца“ во магазинот Глобус ги користи двата текста на веќе поранешниот академик и член на Друштвото на писатели, лустрираниот Божин Павловски, „Груевски не мора да ја потроши Македонија“ и „Збогум со здравје“ за да наслови дека: „Божин Павловски излезе од јатото“ и со своите зборови внесе немир во ова мирно лето.
Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.

Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.


Лустрацијата формира нови сојузништва

Па оттаму ги анализира македонските писатели за кои вели дека никогаш не биле еманципирани од власта и од државата и дека постојат многу причини зошто станаа блиски на вмровската идеја. „Но, Божин
Дојде време кога поранешните неистомисленици, па дури и идеолошките противници, ќе се најдат на иста страна. И тоа благодарение на еден човек: Груевски!
Павловски излезе од јатото и тоа треба да се почитува“, пишува колумнистот, а во вакви тешки времиња веќе не треба да изненадува тоа што се формираат нови сојузништва или нови братства. Дојде време кога поранешните неистомисленици, па дури и идеолошките противници, ќе се најдат на иста страна. И тоа благодарение на еден човек: Груевски!“, посочува Глобус.
Индискиот бизнисмен Субрата Рој.

Индискиот бизнисмен Субрата Рој.


Субрата Рој - новото чудо

„Дали Субрата Рој е новото Божјо чудо?“, прашува авторот на уводникот во Фокус. Па продолжува: „Се гаснат светлата во Скопје, се палат во Охрид. Есма пее Џелем џелем, Ставрески насмеан, Груевски трие раце, Амди Бајрам повторно го поткрева средното прсте кон Бранко, семејството Рој е новото македонско чудо! Дваесет илјади свети крави се спремаат на пат за Свети Николе, а 2 милиона кутри
Дваесет илјади свети крави се спремаат на пат за Свети Николе, а 2 милиона кутри овци веруваат и се надеваат дека фирмите на Субрата во Македонија ќе бидат чудо рамно, па дури и поголемо од фреските во Св. Димитрија!?
овци веруваат и се надеваат дека фирмите на Субрата во Македонија ќе бидат чудо рамно, па дури и поголемо од фреските во Св. Димитрија!?

Кој уште се сеќава на Марк Гуд од Бучим... на милијардерот Карлос Слим, на Оскарсон и Моше Баум од шведската млекарница?, прашува уводничарот во Фокус.

Истрагата за Младенов, отиде во бестрага

И Фокус, но и Република пишува за официјалното завршување на истрагата за загаточната смрт на жестокиот критичар на власта, новинарот Никола Младенов, за која вели дека „почнала со многу критики и сомневања, а е затворена... намерно или не, со многу дупки, недоречености и пропусти. Јавноста, која трпеливо чекаше, не ги доби вистинските одговори, а ги заслужува“, пишува Република, па прашува како е можно да се премолчи образложението на обвинителката која тврди дека неговиот телефон бил дома и исклучен кога сите што помалку или повеќе контактирале со Младенов знаат дека имал два телефона и дека вториот, оној што сега никој не го спомнува, бил со него во автомобилот... Во моментов е јасно само едно - истрагата отиде во бестрага“, резигнирано завршува уводничарот во Република.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG