Достапни линкови

Фатени убијците на мигранот кај Табановце


Полицијата ги откри лицата кои пред неколку дена убија еден и ранија три мигранти во селото Табановце. Против три лица, сите од селото Табановце е поднесена кривична пријава за убиство со умисла. Мотивот за убиство, според МВР, бил разбојништво.Пријавените вечерта на 15 јули се договориле да ограбат мигранти кои повремено минуваат крај нивното село во правец на Република Србија. Откако сретнале група мигранти, тие со истрел во воздух од ловечка пушка им наредиле да застанат. Мигрантите почнале да бегаат, еден од нив фрлил камен кон напаѓачите, а овој испукал неколку патрони кон групата, при што убил едно лице од Бангладеш, а тројца ранил (од Бангладеш и од Пакистан).
XS
SM
MD
LG