Достапни линкови

Над 100 конгресмени на САД бараат ангажирање околу Техеран


Над 100 конгресмени на САД ја дадоа нивната подршка на писмото со кое го повикуваат претседателот Барак Обама повторно да ја ангажира иранската дипломатија во врска со нуклеарната програма. До ова доаѓа во врска со изборите во исламистичката република за претседател. Писмото е потпишано од 118 конгресмени,меѓу кои има и републиканци и демократи.Во писмото се наведува дека би било грешка да не се тестира новиот претседател дали е заинтересиран за прогрес во релациите меѓу САД и Иран. Иран ги отфрла обвинувањата дека развива нуклерно оружје, наведувајки дека нивната атомска програма е за мирнодобски цели.
XS
SM
MD
LG