Достапни линкови

Обама го коментираше убиството на Трејвон Мартин


Американскиот претседател Барак Обама одржа пресс конференција по повод неодамнешната пресуда со која убиецот на црномурестиот тинејџер на Фолорида е ослободен од обвинението за убиство. Обама рече дека убиството на Трејвон Мартин ги налути афро - американците бидејќи случајот ги враќа сеќавањата на расните неправди во минатото. Седумнесет годишниот Мартин беше смртно застрелан во февруари 2012 од двесетидевет годишниот белец Џорџ Цимерман, кој на судот минатата седмица беше прогласен за невин и ослободен, бидејќи , како што се наведува, пукал во самоодбрана.
XS
SM
MD
LG