Достапни линкови

Израел и Палестинците ги обновуваат мировните разговори


Израел и Палестинците се согласиле повторно да ги отпочната директните мировни разговори,што беа суспендирани во 2010.Американскиот државен секретар Џон Кери ја даде изјавата во Јорданскиот главен град Аман, за време на неговиот кус престој во рамки на шатл дипломатијата меѓу двете страни.Кери го нарече договорот историски.Кери изјави дека САД ги подржуваат двете страни да отпочнат директни разговори околу прашањата за финалниот статус и да стават крај на конфликтот. Според зборовите на Кери палестинскиот преговарач Саеб Ерекат и министерот за правда на Израел Тципи Ливни се договориле разговорите да почнат следната недела во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG