Достапни линкови

Времето денеска-сончево со умерена облачност


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните планински предели со појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 26 до 35 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 33 степени.Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.
Утре попладне ќе има услови за развој на изолирана нестабилна облачност. Температурата ќе се движи од 25 до 34 степени.
XS
SM
MD
LG