Достапни линкови

Предизборниот есап на власта не излегува


Премиерот Никола Груевски, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во посета на градежните работи на делницата Демир Капија-Смоквица.

Премиерот Никола Груевски, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во посета на градежните работи на делницата Демир Капија-Смоквица.

Предизборните ветувања се едно, но нивната реализација од позиција на власт, е нешто сосема друго. Дали власта го исполни тоа што им го вети на граѓаните?

Не средина од вториот мандат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ред е да видиме до каде се клучните приоритети. Во нивниот Манифест за реформи и развој за периодот 2011-2015, партијата наведува дека останува посветена на реализација на стратешките приоритети и тоа:
Седум години стана, а ние од неговите посети немаме ништо, не нешто, ништо немаме. Ниту имаме од Кина нешто, ниту имаме од Индија нешто, со Субрата Рој којзнае што ќе испадне.

Индискиот бизнисмен Субрата Рој во посета на Македонија на средба со министерот за финансии Зоран Ставрески.

Индискиот бизнисмен Субрата Рој во посета на Македонија на средба со министерот за финансии Зоран Ставрески.

Зголемување на економскиот раст и вработеноста, како предуслов за пораст на животниот стандард и поквалитетен живот; Интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО; Бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото преку длабоки реформи во судството и јавната администрација.; Oдржување на добри меѓуетнички односи, подеднаков третман на сите пред законот и довршување на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор; Инвестирање во образование, наука и информатичка технологија.
Сè уште не сме одлучиле колкава ќе биде инвестицијата, но можам да ви кажам дека ќе инвестираме многу пари во Македонија.

Прва од десетте клучни цели е зголемување на производството, извозот и инвестициите.

Странските инвестиции во втората балканска лига
Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.

Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.


Агенцијата за вработување може да ги заострува законските одредби до точка до која дури и нула невработени ќе има на нивната евиденција, но тоа не значи дека тие луѓе ќе бидат вработени.
Убедени сме дека претстојат години на повисоки стапки на инвестиции кои во 2015-та ќе достигнат околу 30 отсто од БДП. Во тие рамки, доколку не се јави нова светска криза и рецесија, очекуваме приливот на директни инвестиции во периодот од 2010- 2015, да достигне до 2 милијарди евра, ќе напишат во Манифестот. Според нивната програма, минатата година се очекувало инвестиции од 350-400 милиони евра. Но, лани, во земјата влегле само 104,8 милиони евра странски директни инвестиции, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија. Не вродија со плод владините роуд шоуа, презентацијата на економските поволности на секаде низ светот, зголемувањето на бројот на економските промотори. Износот од 105 милиони евра странски инвестиции во 2012 е најслаб од 2005 година кога имало 77,2 милиони евра. Според податоците на централната банка, 2011 завршила со странски инвестиции од 337 милиони евра, во 2010 тие биле 160 милиони, а во 2009 изнесувале 145 милиони евра. Во 2008 година инвестициите тежеле 400 милиони евра, во 2007 - 506 милиони евра, а во 2006 година - 345 милиони евра.
Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија во март 2012 година.

Премиерот Никола Груевски во роуд шоу за привлекување странски инвестиции во Индија во март 2012 година.


За годинава, според Манифестот, се очекуваат инвестиции во вредност од 400-500 милиони евра. Владата и годинава наби километража по белиот свет во потрага по инвеститори. Според податоците на Народната банка на Македонија, во првите четири месеци од оваа година влегол капитал вреден 73,3 милиони евра. Засега нема детална и целосна анализа за тоа колку пари се потрошени на роуд шоуата, а колку инвестиции дошле како резултат на тоа.
Патиме сите, оваа држава не им помага на сиромашните, што зeмам 1.200 денари социјално.

„Седум години стана, а ние од неговите посети немаме ништо, не нешто, ништо немаме. Ниту имаме од Кина нешто, ниту имаме од Индија нешто, со Субрата Рој којзнае што ќе испадне“, нотира поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Откако најави дека на Охридското Езеро ќе гради туристички комплекс, ќе донесе 20 илјади крави, ќе изгради 30-метарска споменик шамија под која ќе се смести статуата на Мајка Тереза, откако се прошета низ половина Македонија, му се направи меракот дури Есма Реџепова му пееше на увце, откако син му стана момче Македонче, индискиот милијардер пред неколку денови си отиде од Македонија. По него останаа големи ветувања, надежи и сомнежи.
Даночните приходи се релативно помали од предвиденото и дека врз основа на тоа, задолжувањето веројатно некаде до септември или октомври ќе стигне до својот максимум па владата ќе треба, или како минатата година да го зголеми нивото на дефицитот, што мислам дека е најголем проблем, или да оди со благо намалување на расходите, што сепак значи ребаланс.

„Сахара Индија Паривар“ очекува поддршка од државата и од народот за реализација на големите планови кои компанијата ги има со Македонија, изјави еден од синовите на Субрата Рој.

„Сè уште не сме одлучиле колкава ќе биде инвестицијата, но можам да ви кажам дека ќе инвестираме многу пари во Македонија“, изјави Сушанто Рој.

И покрај силните најави и редовните роуд шоуа, Македонија, според приливот на странски инвестиции, останува во втората балканска лига.

Невработеноста се намалува, а секој трет граѓанин останува сиромашен
Тој простор полека се исцрпува и Македонија мора да размислува за фискална консолидација, што значи сведување на буџетските дефицити на ниво што нема дополнително да го зголемува јавниот долг. Значи, на среден рок треба да се размислува во таа насока.

Економијата заздравува, но сиромаштијата останува. Во најновиот регионален извештај на Светска Банка се наведува дека во Македонија степенот на сиромаштија изнесува 32,2 проценти, стапката на невработеност минатата година е проценета на 31,2 проценти, а 53 проценти од младите се невработени.

Статистиката, пак, покажува дека бројката на невработени се намалила. Власта објави дека во земјава има помалку од 225 илјади невработени. Од нив, пак, помалку од 100 илјади луѓе активно бараат работа. Во истиот период, во 2011 година, според податоците на Агенцијата за вработување, имало 315 илјади невработени.
Гувернерот Димитар Богов.

Гувернерот Димитар Богов.


Универзитетскиот професор Здравко Савески, кој е активист на Левичарското движење Солидарност, вели дека да имаше толкаво драстично намалување на невработеноста, во земјава ќе имаше економски бум. Со усложнување на процедурата за пријавување, невработените вештачки се бришат и сè поголем станува бројот на неевидентираните невработени лица, вели тој.

„Агенцијата за вработување може да ги заострува законските одредби до точка до која дури и нула невработени ќе има на нивната евиденција, но тоа не значи дека тие луѓе ќе бидат вработени“, вели Савески.
Воглавно извезуваме сурови производи, нефинализирани, кои со додадена вредност ќе имаат повисока цена на пазарот и ќе генерираат поголеми суми од извоз. Сè додека тоа не го придвижиме да го направиме како што треба, ние ќе имаме голем дефицит.

Но луѓето единствени бројки кои ги интересираат се тие на нивните примања и како со тие пари да го истераат месецот.

„Немам дома ни јас, ни маж ми, да ме прашате еве солзи ми течат.“

„Основните потреби ги задоволуваме, за друго малку потешко.“

„Патиме сите, оваа држава не им помага на сиромашните, што зeмам 1.200 денари социјално“, велат анкетираните граѓани.
Површина на основни земјоделски култури. Извор: Државен завод за статистика.

Површина на основни земјоделски култури. Извор: Државен завод за статистика.


Помалку производи за повеќе пари
Иако по природен пат треба Македонија да биде центарот на раскрсницата на Балканот, но со оглед на нашето неинвестирање или споро инвестирање или декларативно инвестирање, прават времето да поминува, а соседните земји тоа го користат и нормално си прават свои мрежи. И утре, задутре, добар дел од транспортот кој треба да поминува тука, ќе поминува таму.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со зголемувањето на платите во јавниот сектор и во периодот 2012-2015 на вработените во овој сектор платите ќе им се зголемат за 21,3 проценти. Платите се зголемуваат, но просечната плата во Македонија изгубила повеќе од 5 отсто од својата вредност во изминатите две години, според податоците на Државниот завод за статистика. Иако номиналната нето плата благо се зголемува, реалната плата во 2012 била за 2,9 отсто пониска отколку претходната година. Во 2011, пак, реалната плата била за 2,4 отсто пониска од таа во 2010 година.

Фискална политика – одржување на контролиран буџетски дефицит на умерено ниво од околу 2 проценти, но најмногу до 3 проценти од БДП. Ова ниво на дефицитот ќе биде исклучително поврзано со повисоките капитални инвестиции за инфраструктурни проекти, пред сè во транспортот, енергетиката, образовната и здравствената инфраструктура, имајќи предвид дека во периодот 2011-2015 во овие области ќе се реализираат неколку крупни стратешки инфраструктурни проекти. Умереното ниво на буџетски дефицит ќе овозможи одржување на државниот долг на ниво меѓу 30 и 35 отсто до БДП, пишува во Манифестот за периодот 2011-2015 година.

Треба вчера да почнеме да ја правиме, ама ние не правиме, просто нема најави дека ќе се прави нешто. За жал нема најави. Се зборува за Чебрен и Галиште, тоа нема да не спаси. Чебрен и Галиште даваат 2-3 отсто од нашите потреби за струја како држава.
Проценките издржаа само една година. И покрај тоа што буџетскиот дефицит беше проектиран на 2,5 отсто, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во септември минатата година, во интервју за МТВ, рече дека буџетскиот дефицит за 2012 и за 2013 година ќе се зголеми на 3,5 отсто. Тоа значи дека годинава е предвидено владата да потроши 288 милиони евра повеќе отколку што ќе собере од даноци и други давачки. Многумина економски аналитичари се сомневаат дека и тоа ќе биде доволно, со оглед на тоа што само во првите пет месеци од годинава се потрошени повеќе од 200 милиони евра од тие пари, односно 70 отсто од проектираниот дефицит за целата година.
Премиерот Никола Груевски и генералниот директор на АД „Електрани“ на Македонија Влатко Чингоски го означија почетокот на работењето на новиот хидроенергетски капацитет ХЕЦ „Света Петка“ во август 2012 година.

Премиерот Никола Груевски и генералниот директор на АД „Електрани“ на Македонија Влатко Чингоски го означија почетокот на работењето на новиот хидроенергетски капацитет ХЕЦ „Света Петка“ во август 2012 година.


„Тоа укажува дека даночните приходи се релативно помали од предвиденото и дека врз основа на тоа, задолжувањето веројатно некаде до септември или октомври ќе стигне до својот максимум па владата ќе треба, или како минатата година да го зголеми нивото на дефицитот, што мислам дека е најголем проблем, или да оди со благо намалување на расходите, што сепак значи ребаланс“, вели поранешниот министер за финансии Никола Поповски.
Република Македонија и Руската Федерација имаат постигнато согласност за потпишување на овој значаен договор којшто обезбедува еден значаен енергетски проект од интерес за Република Македонија. Нацрт-договорите се поминати на двете влади, воспоставена е и дипломатска комуникација. Со двострана согласност и како резултат на заедничка волја е прецизирано дека во една блиска иднина ќе биде потпишан и официјално самиот договор со што би се создале и сите предуслови за почеток со оперативна реализација на самиот овој проект.

Државниот долг, пак, на крајот на мај годинава достигна 2,731 милијарди евра, односно 34,2 отсто од БДП. И покрај смирувањата од владата дека Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа, гувернерот на Народната банка Димитар Богов неодамна порача дека треба да се намали буџетскиот дефицит за да не биде загрозена одржливоста на јавниот долг.

„Тој простор полека се исцрпува и Македонија мора да размислува за фискална консолидација, што значи сведување на буџетските дефицити на ниво што нема дополнително да го зголемува јавниот долг. Значи, на среден рок треба да се размислува во таа насока“, изјави неодамна Богов.
Јужен тек.

Јужен тек.


Опозицијата, пак, предложи ребаланс на буџетот и кратење на трошоците, но власта го одби тој предлог.

Субвенциите за земјоделство растат, а производството се намалува

Во периодот од 2011 до 2015 година владата предвидува да исплати 670 милиони евра за субвенции во земјоделството и тоа 115 милиони евра во 2011, 130 милиони евра во 2012, 135 милиони евра во 2013, 140 милиони евра во 2014 и 150 милиони евра во 2015 година. Владата смета дека оваа нејзина политика дава резултати во развојот и во зголемувањето на конкурентноста на македонскиот земјоделски производ, како и дека има ефекти од субвенциите, затоа што во последните години има раст на извозот.

Сепак, според податоците на Државниот завод за статистика, Македонија увезува двојно повеќе храна и живи животни отколку што извезува. Така, во првите пет месеци од годинава, од извоз на храна и живи животни се заработени 131 милиони долари, додека на увоз на такви производи се потрошени 269 милиони американски долари. Во 2012 година, извозот на храна и живи животни е 339 милиони долари, а увозот 680 милиони долари. Слични се податоците и за 2011 година.

Професор Борис Анакиев од Земјоделскиот факултет во Скопје вели дека дефицитот во трговијата со храна е голема болка на Македонија. Не можеме да си ја задоволиме потребата од жито, затоа што имаме релативно неповолни услови и затоа увозното е поевтино. Скапото жито, повлекува и скапа добиточна храна и со тоа и месото станува скапо и неконкурентно. Освен житото и месото, најголем дел од дефицитот се должи и на маслото за јадење и шеќерот. Овошјето, зеленчукот, тутунот и јагнешкото месо се наша предност, но треба да го зголемиме извозот на готови производи, а не на суровини, вели Анакиев.

„Воглавно извезуваме сурови производи, нефинализирани, кои со додадена вредност ќе имаат повисока цена на пазарот и ќе генерираат поголеми суми од извоз. Сè додека тоа не го придвижиме да го направиме како што треба, ние ќе имаме голем дефицит“, вели Анакиев.

Освен што Македонија троши стотици милиони евра на увоз на храна, дополнително прашање за ефикасноста на земјоделските субвенции се отвора имајќи предвид дека се намалува површината на земјоделските посеви. Според публикацијата „Македонија низ бројки“ на Државниот завод за статистика во изминатава деценија се намалени посевите на речиси сите култури. Па така, во 2002 година имало 101 илјади хектари засадени со пченица, во 2007 година 91 илјади хектари, а во 2012 само 80 илјади хектари под пченица. Посевите со јачмен се намалени од 48 илјади хектари во 2002 на 41 илјади хектари во 2012 година. Во 2002 година имало 20,5 хектари под тутун, во 2007 – 17 хектари, а во 2012 – 19,6 хектари. Доматите од 6,3 хектари во 2002 паднале на 5,3 хектари во 2007 за во 2012 да достигнат 5,6 хектари. Бројот на јаболкници е зголемен од 3 илјади стебла во 2002 на 4.300 во 2012 година, но лозовите насади се намалени од 94 илјади родни пенушки во 2002 на 78 илјади во 2007, односно 79 илјади во 2012 година.

Во изминативе 10 години, се зголемувало производството на грозје, на домати и јаболка, поради зголемувањето на приносот по хектар, односно по стебло, додека се намалува производството на пченица и јачмен.

Намалување се бележи и во бројот на грла добиток. Така, од 259 илјади говеда во 2002, тој број е намален на 251 илјади во 2012. Бројот на овци е намален од 1,23 милиони во 2002 на 732 илјади во 2012, бројот на свињи од 196 илјади во 2002 се зголемил на 255 илјади во 2007, па се намалил на 176 илјади во 2012 година, а живината од 2,9 милиони во 2002 се намалила на 1,77 милиони во 2012 година.

Производството на овчо месо во изминативе 10 години бележи раст, додека се намалува говедското и живинското месо.

Инфраструктурата – слеп колосек во регионот

Пруга до Бугарија, поврзување со Албанија, брза и модерна железница, се само дел од ветувањата на политичарите. Но Македонија на тој пат не стои баш најдобро. Соседите не само што повеќе инвестираат во автопати и инфраструктура, туку и ќе не заобиколат доколку земјава не успее да се поврзе со клучните магистрали, забележуваат упатените и бизнисмените.

Според податоците од Еуростат, Македонија во изминатите 20 години изградила 150 километри автопат, за разлика Албанија, каде за само три години биле направени двојно повеќе. Пред нас е и Хрватска - една од европските земји со најмногу изградени автопати, а Косово најави изградба на автопат до македонската граница во вредност од една милијарда евра.

Цената за лошите патишта ја плаќаат компаниите, појаснува Александар Панов од „Макстил“.

„Иако по природен пат треба Македонија да биде центарот на раскрсницата на Балканот, но со оглед на нашето неинвестирање или споро инвестирање или декларативно инвестирање, прават времето да поминува, а соседните земји тоа го користат и нормално си прават свои мрежи. И утре, задутре, добар дел од транспортот кој треба да поминува тука, ќе поминува таму“, вели Панов.

Еден од долго најавуваните проекти е проектот Сончев град. Иако регионалниот пат до Сончев град во должина од 2,5 требаше да биде изграден до 2012, тој почна да се гради сега. Со изградба на патот се отвора можноста да се направи и долго најавуваната елитна населба.

Јалови најави за инвестиции во енергетиката

Владата формирана од ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе ќе ги зголеми инвестициите во модернизација на постојните и во изградба на нови енергетски објекти. Со ВМРО-ДПМНЕ, енергетската иднина на Македонија е сигурна. Но од најавените хидроелектрани, светлото на денот го дочека само Света Петка. Долго најавуваните Чебрен и Галиште никако да почнат да се градат, иако според програмата на владејачката партија, странски инвеститор за овој проект требало да се избере до крајот на 2011, по што требало да отпочне изградбата, првин на Чебрен, а по нејзиното завршување и таа на Галиште. На тендерот во април годинава не пристигна ниту една понуда за „Чебрен“ и „Галиште“, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова е седми неуспешен тендер за прибирање понуди за издавање концесија на вода за производство на струја на овие два локалитети.

„Треба вчера да почнеме да ја правиме, ама ние не правиме, просто нема најави дека ќе се прави нешто. За жал нема најави. Се зборува за Чебрен и Галиште, тоа нема да не спаси. Чебрен и Галиште даваат 2-3 отсто од нашите потреби за струја како држава“, вели професор Атанаско Тунески.

Само непловни бродови од најавите за пловен Вардар

И додека се чека проектот ВАРДАРСКА ДОЛИНА, матен Вардар, барем во центарот на Скопје, доби два моста, фонтани, три жални врби, непловни бродови, а наскоро и панорамско тркало.

Според програмата на ВМРО-ДПМНЕ, проектот Вардарска долина најавуван со децении треба да чини меѓу 1,2 и 1,5 милијарди евра од кои 15 отсто треба да плати владата, а другите пари се преку задолжување од кинеската развојна банка. Целосната реализација е поделена во четири фази и треба да трае од 2013 до 2025.

Крак од Јужен тек за Македонија – ќе го биде или не?

Што се однесува пак до ГАСИФИКАЦИЈАТА на земјава, Македонија со години назад е толку блиску до Јужен тек, договорот само што не е потпишан, само што не сме се вклучиле, барем така најавуваат владините претставници.

„Република Македонија и Руската Федерација имаат постигнато согласност за потпишување на овој значаен договор којшто обезбедува еден значаен енергетски проект од интерес за Република Македонија. Нацрт-договорите се поминати на двете влади, воспоставена е и дипломатска комуникација. Со двострана согласност и како резултат на заедничка волја е прецизирано дека во една блиска иднина ќе биде потпишан и официјално самиот договор со што би се создале и сите предуслови за почеток со оперативна реализација на самиот овој проект“, изјави неодамна владиниот портпарол Алаксандар Ѓорѓиев.

Но руската страна вели дека сè уште се прави студија за исплатливоста и ако е исплатливо, тогаш може да почне да се реализира кракот во Македонија.

Приклучувањето на Македонија кон Јужниот тек првпат беше најавено пред точно три години по средбата на претседателот Ѓорге Иванов и вицепремиерот Ставрески со директорот на Газпром Алексеј Милер за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург во 2010 година.

НАТО и ЕУ – толку блиску, а толку далеку

По сè изгледа Македонија со крупни чекори се оддалечува од ЕУ и НАТО. Иако евро-атланската интеграција е приоритет број два според програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија на тој пат каска. Од НАТО повторуваат дека Македонија ќе стане земја членка на НАТО штом се донесе какво било решение за името.

Премиерот Никола Груевски неодамна испрати писмо до грчкиот колега Самарас, на кое Самарас по дваесетина дена одговори дека ги одбива средбите со македонската страна на највисоко ниво со образложение дека немало потреба од нив бидејќи Грција не била таа што ги блокира евроинтеграциите, туку самата ЕУ не дозволува Македонија да оди напред.

Но што да се прави, таква ни била кармата, како што вели премиерот во интервју за Натпрес. Сè можат да ни земат, но не и душата, ќе изјави тој во интервју за Дневник. Душата може не ја даваме, но срцето до дадовме, го испрати претседателот Иванов за поддршка на Ердоган. А за тоа што ни останува во иднина и што после декември во врска со извештајот на ЕУ и спорот за името, претседателот одговори:

„Што ќе се случи после декември, па после декември ќе дојде јануари“, изјави неодамна Иванов по средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор во Скопје.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG