Достапни линкови

logo-print

Давитковски ќе потпише ако партиите се усогласат


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Комисијата за 24 декември е блокирана, изгубени се допирните точки од двете страни и затоа моето натамошно опстојување во неа е излишно, изјави претседателот на Комисијата Борче Давитковски.

Претседателот на Комисијата која ги истражува настаните од 24 декември, Борче Давитковски, не успеа да ја врачи оставката од функцијата кај шефот на државата Ѓорге Иванов. Давитковски вели дека Комисијата е блокирана и дека решил да се повлече бидејќи немал поддршка од членовите, кои не се усогласија за неговите препораки и заклучоци.
Фактички ги изгубив допирните точки од двете страни, така што мислам дека моето натамошно опстојување во неа е излишно. Разликите се многу големи. Мислам дека направивме прекрасен извештај, прекрасни препораки, дојдовме многу блиску до заеднички став, но едноставно пак се разидуваме.

„Фактички ги изгубив допирните точки од двете страни, така што мислам дека моето натамошно опстојување во неа е излишно. Разликите се многу големи. Мислам дека направивме прекрасен извештај, прекрасни препораки, дојдовме многу блиску до заеднички став, но едноставно пак се разидуваме, така што сакав да го информирам претседателот и евентуално да ме ослободи од оваа должност. За жал не беше тука“, изјави Давитковски.
Архивска фотографија.

Архивска фотографија.


Сепак, тој не ја исклучува можноста да ја преиспита својата одлука.

„Ако се согласат за правните квалификации, за препораките, ако најдат заедничко решение, јас веднаш со две раце би потпишал. Тоа беше и мојата идеја, да најдам некој разумен компромис или евентуално балансирани квалификации, балансирани препораки во интерес на државата“, вели тој.
Ако се согласат за правните квалификации, за препораките, ако најдат заедничко решение, јас веднаш со две раце би потпишал. Тоа беше и мојата идеја, да најдам некој разумен компромис.

Оставката на Давитковски за експертите е знак дека партиите не можат да постигнат договор и тоа негативно ќе се одрази врз евроинтеграциите на Македонија. Поранешниот претседател на Собранието и пратеник Стојан Андов вели дека земјата ја пропушта шансата да покаже дека и настаните кои не се демократски може да бидат разрешени.

„Тоа е многу лоша препорака за нас, полошо од што било досега, значи ќе имаме многу лоши последици ако тоа не го разрешиме. Да се почне, ако може да се направи нешто, да се фати септемврискиот рок кога се завршува извештајот“, вели Андов.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека оставката на Давитковски е нормален чин затоа што партиите не можеа да донесат одлука со консензус, бидејќи за настаните од 24 декември има две вистини, едната на ВМРО-ДПМНЕ и другата на СДСМ.

„Повлекувањето на Давитковски уште еднаш покажува дека состојбите се загрижувачки и дека и по цена на каков било извештај од Брисел, тие не се во состојба да се откажат од своите вистини, од својата војна со другиот“, вели Демири.

Од кабинетот на претседателот информираат дека Иванов бил зафатен и дека наредната недела ќе се сретне со Давитковски.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG