Достапни линкови

ЕК очекува комисијата за 24 декември да продолжи со работа


Петер Стано

Петер Стано

Европската комисија очекува Комисијата за собраниските настани од 24 декември во Република Македонија да продолжи со работа, поради досегашниот напредок и покрај веста за оставка на претседателот Борче Давитковски, вели Петер Стано, портпарол на Европската комисија. „ Ние разбравме дека Комисијата постигнала напредок во работата и затоа е важно таа да продолжи со работа со цел да стигнат до заеднички договорени наоди и препораки за иднина. Тие препораки треба да бидат преведени во акција за да се обезбеди позитивна политичка агенда“ вели Стано. Според портпаролот на комесарот за проширување Штефан Филе, Европската комисија е подготвена да продолжи да обезбедува совети и експертиза со цел Комисијата во Македонија успешно да ја заврши својата задача.
XS
SM
MD
LG