Достапни линкови

logo-print

Економист: Грција е далеку од целта за економски раст


Покрај оптимизмот, кој во последно време царува во грчката Влада и по посетата на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле на Атина, земјата е далеку од целта за постигнување на економски раст во 2014 година, оценува британското списание „Економист“. „Кревката грчка Влада лансира задоцнети реформи во Парламентот по наредба на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во момент кога разлутени демонстранти на плоштадот Синтагма бараат нејзина оставка, пишува „Економист“. Во написот се наведува дека гласањето на пакетот закони на 17 јули за кратења на државниот сектор и преструктуирање на даночниот систем било тешко, бидејќи се случило во моментот кога премиерот Андонис Самарас почувствувал дека неговиот кабинет губи пет мандатори по повлекувањето на малата партија Демократска левица од трипартиската коалиција.
XS
SM
MD
LG