Достапни линкови

Давитковски: Комисијата е блокирана, сакам да се повлечам


Претседателот на Комисијата за настаните од 24 септември Борче Давитковски изјави дека донел одлука да поднесе оставка поради неможноста да се усогласат заклучоците во извештајот. За оставката ќе го информира претседателот на државата Ѓорге Иванов. „Комисијата е блокирана. Сакам да се повлечам од неа бидејќи фактички ги изгубив допирните точки од двете страни, така што мислам дека моето натамошно опстојување во неа е излишно“ рече Давитковски. Тој сепак, остава можност Комисијата да ја доврши работата доколку се најде заеднички јазик. „Ако се согласат за правните квалификации, за препораките ако најдат заедничко решение јас веднаш со две раце би потпишал. Тоа беше и мојата идеја, да најдам некој разумен компромис или евентуално балансирани квалификации, балансирани препораки во интерес на државата“ изјави Давитковски. Комисијата во која членуваат по двајца претставници од власта и од опозицијата, а како надворешни соработници и двајца странски експерти, се очекуваше денеска да го поднесе извештајот за минатогодишните настани во Собранието на 24 декември.
XS
SM
MD
LG