Достапни линкови

Обезглавената Комисија - негативен сигнал до Брисел


Членовите на Комисијата која ќе ги истражува настаните од 24 декември минатата година.
Членовите на Комисијата која ќе ги истражува настаните од 24 декември минатата година.

Земјата ја пропушта шансата да покаже дека и настаните кои не се демократски може да бидат разрешени. Оставката на Борче Давитковски негативно ќе се одрази врз евроинтеграциите, велат аналитичарите.

Оставката на претседателот Борче Давитковски од Комисијата која ги истражува настаните од 24 декември за експертите е знак дека партиите не можат да постигнат договор и тоа негативно ќе се одрази врз евроинтеграциите на Македонија. Давитковски вели дека решил да се повлече бидејќи немал поддршка од членовите на Комисијата, кои не се усогласија за неговите препораки и заклучоци.
Тоа е многу лоша препорака за нас, полошо од било што досега, значи ќе имаме многу лоши последици ако тоа не го разрешиме. Да се почне, ако може да се направи нешто да се фати септемврискиот рок кога се завршува извештајот.
Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието и пратеник.

Поранешниот претседател на Собранието и пратеник Стојан Андов вели дека земјата ја пропушта шансата да покаже дека и настаните кои не се демократски може да бидат разрешени. Повлекувањето на Давитковски, според него е признание за неуспехот на Комисијата.

„Тоа е многу лоша препорака за нас, полошо од било што досега, значи ќе имаме многу лоши последици ако тоа не го разрешиме. Не знам колку време ќе им треба да најдат нов претседател или ако може да најдат и нови членови, затоа што неуспехот не е само на претседателот на Комисијата, туку и на членовите. Да се почне, ако може да се направи нешто да се фати септемврискиот рок кога се завршува извештајот.“

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека оставката на Давитковски е нормален чин затоа што партиите не можеа да донесат одлука со консензус, бидејќи за настаните од 24 декември има две вистини, едната на ВМРО ДПМНЕ и другата на СДСМ.
Брисел бара расчистување, односно еден нормален извештај и некој да поднесе некаква одговорност, дали тоа ќе биде морална одговорност или нешто друго, сеедно. Секако дека е многу негативен поен.
Алајдин Демири, политички аналитичар.

„Повлекувањето на Давитковски уште еднаш покажува дека состојбите се загрижувачки и дека и по цена на каков било извештај од Брисел, тие не се во состојбата да се откажат од своите вистини, од својата војна со другиот.“

Според Андов, партиите покажуваат несериозност и не сфаќаат дека мора да најдат решение, бидејќи земјата ќе има големи последици.

„Во таков случај не ни треба Грција да не кочи, ние сами ќе си ја свршиме работата. Тоа прашање ние мора да го разрешиме и тоа на најобјективен начин, без оглед на тоа кој какви последици мора да поднесе.“

И Демири смета дека ситуацијата е загрижувачка.

„Брисел бара расчистување, односно еден нормален извештај и некој да поднесе некаква одговорност, дали тоа ќе биде морална одговорност или нешто друго, сеедно. Секако дека е многу негативен поен.“

Расветлувањето на настаните од 24 декември е еден од условите во мартовскиот договор со меѓународната заедница за ставање крај на политичката криза во Македонија.
XS
SM
MD
LG