Достапни линкови

Кој се пререгистрирал - ОК, кој не - нека си плати ако сака да биде здрав


Несиме Салиоска, извршен директор, на здружение РОМА С.О.С.
Несиме Салиоска, извршен директор, на здружение РОМА С.О.С.

Имаме актуелна политика со која државата се залага да нема лице без здравствено осигурување, а од друга страна имаме неуставна законска одредба поради која 50% од невработените лица со пониски примања се без здравствено осигурување, пишува за Радио Слободна Европа, Несиме Салиоска, извршен директор, на здружение РОМА С.О.С. .

Бремена жена во април се пораѓа на одделението за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Општа Болница Прилеп и во моментот на испис од болницата наместо радост добила шок - фактура во износ од 13.000 денари како трошок за здравствената услуга пресметана за лице без здравствено осигурување. Од друга страна, истата жена добивала сини картони до месец март како потврда дека е осигуреник на ФЗОМ по основ на невработеност и лице со приходи пониски од 96.000 денари, согласно пререгистрацијата на здравственото осигурување во август 2012 година.
Заклучно со 31 март 2013 година Изјава за остварени приходи поднеле само 120.255 носители на здравствено осигурување на територија на РМ, од вкупно 227.276 регистрирани осигуреници. Или поинаку кажано 50% од невработените лица кои биле осигуреници на ФЗОМ до март 2013 година, од април 2013 година не се здравствено осигурани.

С.И. се упатува во РОМА С.О.С. да побара помош и информации за ваквата состојба по што се утврдува дека истата жена нема поднесено Изјава за остварени приходи во ФЗОМ во периодот од 01 Јануари до 31 март 2013 година поради што го губи правото на здравствено осигурување и со тоа престанува нејзиниот статус на осигуреник на ФЗОМ.

Во текот на истиот месец, а и во наредниот, РОМА С.О.С. регистрира уште 280 слични случаи по што се појавува прашањето: Колку лица останале без здравствено осигурување и со тоа се довеле во ситуација да партиципираат со 100% во побараната здравствена услуга?

На поднесено Барање за одговор на ова прашање до ФЗОМ, го добиваме следниот одговор – заклучно со 31 март 2013 година Изјава за остварени приходи поднеле само 120.255 носители на здравствено осигурување на територија на РМ, од вкупно 227.276 регистрирани осигуреници.

Или поинаку кажано 50% од невработените лица кои биле осигуреници на ФЗОМ до март 2013 година, од април 2013 година не се здравствено осигурани.
Загрижувачки е фактот што истите тие лица не се информирани за ваквата состојба, а дознаваат во моментот кога ќе побараат здравствена услуга или имаат потреба да набават лекови во аптека, кога всушност почнува нивната “информираност за сите постапки” – наплата на здравствени услуги по приватни цени, неможност да се набават потребните лекови од позитивна листа, комплетирање на потребна документација и поднесување нова Пријава за здравствено осигурување како и чекање ред пред ФЗОМ со други 50 лица во просек, и тоа во исто време додека здравствената состојба е влошена на лицето или на некој член од семејството и има потреба од здравствена заштита.
Чија е одговорноста за ваквата состојба? Кој треба да ги сноси последиците од неуставната законска одредба - дали граѓанинот кој треба да ја плати во целост здравствената услуга за да го зачува своето здравје или Министерство за финансии кој не ја испочитува одлуката на Уставен суд и со тоа остави да владее закон спротивен на Уставот на РМ?

РОМА С.О.С. имајќи го интересот да изнајде правно средство за надминување на ваквата состојба, дојде до одлуката на Уставен суд од 14.11.2012 година со која граѓаните немаат обврска да поднесуваат Изјави за остварени приходи во постапката за остварување на правото на здравствено осигурување односно со одлуката се укажува на обврската на ФЗОМ преку УЈП да го провери износот на приходи за секој осигуреник, како надлежна институција.

Значи да резимираме, имаме актуелна политика со која државата се залага да нема лице без здравствено осигурување, а од друга страна имаме неуставна законска одредба поради која 50% од невработените лица со пониски примања се без здравствено осигурување.

Чија е одговорноста за ваквата состојба? Кој треба да ги сноси последиците од неуставната законска одредба - дали граѓанинот кој треба да ја плати во целост здравствената услуга за да го зачува своето здравје или Министерство за финансии кој не ја испочитува одлуката на Уставен суд и со тоа остави да владее закон спротивен на Уставот на РМ?

Дали нас како граѓани кои живееме во демократска држава ни е загарантирано уживањето на основните човекови права или треба секојдневно “да се бориме” со институциите во остварување на истите?

Оставаме одговорот на ова прашање да го даде Министерството за финансии кое требаше да го измени Законот за задолжително социјално осигурување по одлуката на Уставен суд и со тоа да ја отстрани обврската на граѓаните да поднесуваат Изјава за остварени проходи во ФЗОМ. Отстранувањето на административните пречки за граѓаните да го уживаат правото на здравствено осигурување ќе значи обезбедување услови за спроведување на мотото “Здравје за сите”.
XS
SM
MD
LG