Достапни линкови

Над 200 уапсени демонстранти, подржувачи на Навални


Москва 18.07.2013

Москва 18.07.2013

Над 200 луѓе биле уапсени во Москва за време на протестите против затворањето на опозиционерот Алексеј Навални, кој вчера беше осуден за проневера и доби казна затвор од 5 години. Актвисти за човекови права соопштија денеска дека неколку илјади луѓе демонстрираа вчера пред Кремљ и оти до денеска претпладне биле уапсени 209 лица. Московската полиција соопшти дека протестот не бил најавен, а демонстрантите биле агресивни, но не прецизира колку лица се уапсени. Против пресудата за Навални, вчера имаше протести и во Санкт Петерсбург.
XS
SM
MD
LG