Достапни линкови

Во Москва почна дводневен состанок на групата Г-20


Министрите за финансии и централните банкари од Групата 20 водечки економии (Г-20) го почнаа дводневниот состанок во Москва. Разговорите се очекува да бидат фокусирани на начините со кои ќе се сопре профитите на големите компании да се одлеваат во даноци. Групата 20, на форумот кој го презеде водството во финансиска криза од 2008 и 2009 година, сега се соочува со повеќе предизвици во глобалната економија, во која се чини дека само Соединетите Држави можат да понудат самоодржливо закрепнување. Средбата во Москва е исто така дел од подготовките за самитот на Г -20 кој ќе се одржи во септември во Москва.
Русија е актуелен претседател на годишното претседателство на Г-20.
XS
SM
MD
LG