Достапни линкови

Протести за враќање на Морси во Египет


Муслиманското братство во Египет планира протести во Каиро и на други места со цел враќање на соборениот лидер Мухамед Морси. Во пресрет на планираните протести, привремениот лидер на Египет Адли Мансур изјави дека Египет минува низ еден "одлучувачки период" во својата историја и обвини дека некои луѓе се обидуваат да предизвикаат "хаос". Во неговото прво јавно обраќање откако беше инаугуриран на 4 јули, Мансур изјави дека неговата влада е посветена на враќање на безбедноста и стабилноста и нема да биде "исплашена или тероризирана." Тој вети дека нема да биде "поблаг со оние што убиваат невини луѓе."
Првиот демократски избран египетски претседател Морси, беше соборен од страна на војската пред две недели по масовни протести против него. Манур објави распоред за парламентарните избори на почетокот од следната година по кои ќе следат претседателските избори, најверојатно во мај.
XS
SM
MD
LG