Достапни линкови

Западот ја критикуваше пресудата за Навални


Западните земји ја критикуваа судската пресуда за рускиот лидер на опозицијата Алексеј Навални кој беше прогласен за виновен за кражба на речиси 500 илјади долари од локална граѓанска фирма, во времето кога бил советник на гувернерот на Киров во 2009 година. Навални, кој важеше за борец против корупцијата и жесток критичар на актуелниот претседател Владимир Путин, изјави дека случајот е политички мотивиран. Белата куќа соопшти дека пресудата за Навални претставува дел од вознемирувачки тренд на владината акција да се потисне граѓанското општество во Русија. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, изјави дека пресудата покрена низа прашања за владеењето на правото во Русија. Пресудата во судот во Киров предизвика мирни протести во Москва, Санкт Петербург и други руски градови. Околу 170 биле уапсени во Москва, а десетици други во Санкт Петербург.
XS
SM
MD
LG