Достапни линкови

Рекордни јунски температури во голем дел од земјината топка


Земјата го доживеа својот петти најтопол јуни минатиот месец. Овие откритија се базираат на податоците објавени од страна на американската Национална океанска и атмосферска Управа. Оттаму соопштија дека просечната глобална температура минатиот месец изнесувала 16,14 степени Целзиусови. Месечните јунски записи покажуваат рекордни температури во голем дел од северна Канада, западна Русија, јужна Јапонија, Филипини, дел од југозападна Кина, и централната јужна Африка. Додека поголемиот дел од светот се пече, Централна Азија, Индија и западна Европа отфрли трендот, се соочуваат со пониски температури од вообичаените за овој период од годината.
XS
SM
MD
LG