Достапни линкови

Полицијата ги спречи протестите во Киев


Полицијата за спречување безредија во украинскиот главен град Киев го разби протестот во знак на револт поради силувањето на една жена минатиот месец, која пак за тоа дело обвини двајца полицајци. Локалните медиуми објавија дека полицијата уапсила околу 10 лица рано во петокот, откако стотина демонстранти ги игнорирале повиците да ги напуштат шаторите што ги поставиле на централниот плоштад. Властите го дозволиле протестот на плоштадот. Претходно овој месец, стотици луѓе излегоа на улиците на градот Врадијивка, откако 29-годишна продавачка објави дека била тепана и силувана од двајца полицајци.
Налутени поради осомничените прикривања, локалните жители се обидоа да упаднат во полициска станица. Владата го разреши регионалниот обвинител, како и шефовите на регионалната и полицијата во градот. Двајцата наводни силувачи се уапсени. Случајот предизвика шокираност во Украина.
XS
SM
MD
LG