Достапни линкови

Новинарските здруженија бараат повлекување на предлог-законот за медиуми


Предлог-законот за медиуми да се повлече затоа што нема потреба од него, а Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се коригира согласно забелешките на домашните и странските институции, бараат ЗНМ, ССНМ, МИМ и СРМ. Насер Селмани од ЗНМ смета дека новата медиумска регулатива, односно двата предлог-закони кои неделава беа усвоени во Владата, не се во духот на европските стандарди бидејќи не се вградени суштинските забелешки. Како главна забелешка Селмани ги наведе независноста на регулаторното тело, односно Агенцијата за медиуми бидејќи, според него, мнозинството од членовите на Советот ги предлагаат политички институции.
XS
SM
MD
LG