Достапни линкови

Ердоган: Морси е претседател на Египет


турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Мохамед Морси останува претседател на Египет, изјави синоќа турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, наведувајќи дека ги смета за невозможни дури и телефонските контакти со новиот египетски потпретседател одговорен за меѓународните прашања Мохамед ел Барадеј. Според Ердоган, Барадеј не бил избран, туку бил именуван по државен удар. „На претседателските избори во Египет лани ел Барадеј освои само 1,5 отсто од гласовите, а Мохамед Морси 52 процента, рече Ердоган, додавајќи дека протестите на исламисите во Египет против смената на Морси претставуваат „законска борба против превратот“.
XS
SM
MD
LG