Достапни линкови

Нема казнети за неисплаќање минимална плата


Илустрација.

Илустрација.

Концептот на минимална плата беспрекорно функционира или „дупките во законот“ дозволуваат негово заобиколување?

Ниту еден работодавач не бил казнет за неисплаќање на минимална плата во Македонија во целата 2012 и во првите четири месеци од 2013 година. Дали тоа значи дека концептот на минимална плата беспрекорно функционира или „дупките во законот“ дозволуваат негово заобиколување?
Имајќи предвид дека инспекцијата за труд врши надзор над примената на законот и во наведениот период нема констатирано неправилности во примената, поради што и нема казнети работодавачи, можеме да сметаме дека концептот е воспоставен правилно и функционира. Доколку има неправилности, за истото треба да информираат и вработените и синдикатот до Државниот инспекторат за труд, со цел да се превземаат мерки.

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, од почетокот на 2012 до крајот на април 2013 година „од страна на овластените подносители до Министерството за труд и социјална политика нема доставено Прекршочно барање за неисплатена минимална плата, согласно Законот за минимална плата“.
Одговор од Министерството за труд и социјална политика за казни за неисплаќање минимална плата.

Одговор од Министерството за труд и социјална политика за казни за неисплаќање минимална плата.


Во тој период, Министерството донело одлука за прекршочна глоба против 36 фирми и одговорни лица во нив(25 казни во 2012 година и 11 казни во првите четири месеци од 2013 година) за неисплаќање плати и придонеси, стои во одговорот од Министерството до Левичарското движење Солидарност, кое побарало информација колку работодавци биле казнети за непочитување на Законот за минимална плата.
Оваа сложена постапка, која е и нелогична, дополнително ги дестимулира работниците да пријават прекршување на одредбите од овој закон, бидејќи, ако тие пријават до Државниот инспекторат за труд, она што најмногу ќе го постигнат е инспекторатот да му даде покана за едукација на работодавачот, додека работникот се изложува на ризик да добие отказ.

Во Министерството за труд и социјала велат дека тоа покажува оти концептот на минимална плата е воспоставен правилно и функционира.

„Имајќи предвид дека инспекцијата за труд врши надзор над примената на законот и во наведениот период нема констатирано неправилности во примената, поради што и нема казнети работодавачи, можеме да сметаме дека концептот е воспоставен правилно и функционира. Доколку има неправилности, за истото треба да информираат и вработените и синдикатот до Државниот инспекторат за труд, со цел да се превземаат мерки“, ни одговори портпаролот на министерството Марјан Гијовски.

На сличен став и претседателот на ССМ Живко Митревски, кој вели дека тие спровеле низа превентивни активности, посебно во фирмите каде што се сомневале дека законот може да не се почитува.

„Мислам дека станува збор за висина на минимална плата која не претставува товар за работодавачите и барем за синдикално организираните претпријатија може да тврдам дека ваквата плата се исплатуваше“, вели Митревски.

Универзитетскиот професор Здравко Савески, кој е активист на Левичарското движење Солидарност, пак, вели дека проблемот е во одредбите од Законот за минимална плата, кои се сложени и ја оневозможуваат неговата реализација. Прекршочната постапка во случај работодавецот да исплати пониска плата од минималната предвидува парична казна за него дури откако по втор пат ќе го фатат дека не го почитува законот во овој дел, вели Савески.

„Оваа сложена постапка, која е и нелогична, дополнително ги дестимулира работниците да пријават прекршување на одредбите од овој закон, бидејќи, ако тие пријават до Државниот инспекторат за труд, она што најмногу ќе го постигнат е инспекторатот да му даде покана за едукација на работодавачот, додека работникот се изложува на ризик да добие отказ“, вели Савески.

Минималната плата во Македонија е утврдена на 8.050 денари. Оваа минимална плата ќе почне да се применува во кожарската, текстилната и чевларската индустрија во 2015 година. Годинава, минималната плата во овие три сектори е околу 6.860 денари, а догодина треба да биде околу 7.450.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година во Македонија имало околу 650 илјади вработени. Од нив, повеќе од 7.300 луѓе не примиле плата, повеќе од 55 илјади се неплатени семејни работници, за скоро 14 илјади нема податоци за плата, 27.500 луѓе добивале по помалку од 5.000 денари, а 55.500 работници добивале плата меѓу 5 и 8 илјади денари.

Сепак треба да се има предвид дека во овие 650 илјади вработени влегуваат и оние што работат на црно, затоа што според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во 2012 година, пензиско плаќале околу 507 илјади луѓе, што значи дека толку се регуларно вработени. За оние што работат на црно не важи концептот на минимална плата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG