Достапни линкови

Рускиот опозиционер Навални прогласен за виновен


Судот во рускиот град Киров денеска го прогласи опозиционерот Алексеј Навални за виновен за проневера на пари во процесот за кој тој смета дека е политички мотивиран поради неговото спротивставување на претседателот Владимир Путин. Обвинителството побара од судот Навални да добие затворска казна од шест години. Руските власти го обвинија овој антикорупциски активист за проневера на околу 510 илјади долари од компанијата за дрвена граѓа „Кировлес“ во 2009 година, кога бил советник на гувернерот на Областа Киров. Тој ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани. Московската изборна комисија вчера ја потврди кандидатурата на Навални за градоначалник на Москва на септемвриските избори.
XS
SM
MD
LG