Достапни линкови

Ештон жали зашто не можела да се сретне со Морси во Египет


Протести на приврзаници на Муслиманското братство во Египет.

Протести на приврзаници на Муслиманското братство во Египет.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон изрази жалење затоа што не можела да се сретне со соборениот египетски претседател Мохамед Морси за време на нејзината посета на Каиро. Таа побара итно ослободување на Морси од притвор, каде што се наоѓа откако армијата го собори на 3 јули. За време на посетата на Египет, Ештон се сретна со привремениот претседател Адли Мансур, привремениот премиер Хазем ал-Беблави и со привремениот министер за одбрана Абдел Фатех ал-Сиси, генералот што го предводеше соборување на Морси. Таа се сретнала и со претставници на Партијата на слободата и правдата, политичкото крило на Муслиманското братство на Морси. Многумина од водачите на партијата се притворени од египетската војска.
XS
SM
MD
LG