Достапни линкови

logo-print

Царнаев на насловната страна на Ролинг Стоун - остри реакции од јавноста


Американскиот магазин Ролинг Стоун ја објави фотографијата на осомничениот за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, 19-годишниот Џохар Царнаев, на насловната страна, со што предизвика остри реакции на јавноста. Илјадници луѓе на социјалните мрежи реагираат дека насловната страница на магазинот е невкусна и одвратна. Градоначалникот на Бостон Томас Менино изјави дека е невкусно што магазинот го третира Царнаев како славна личност. Ролинг Стоун издаде соопштение во кое ја брани својата одлука, велејќи дека таа е одраз на „долгогодишната посветеност на Ролинг Стоун за сериозно и внимателно покривање на најважните политички и културни прашања“. Магазинот, во најновиот број, објави профил на Царнаев, кој се изјасни како невин во врска со бомбашкиот напад во Бостон. Со оглед на јавната осуда, голем број американски бизнисмени изјавија дека нема да го продаваат новиот број. Џохар Царнаев е обвинет за убиство на тројца и ранување на повеќе од 260 луѓе во бомбашки напад за време на Бостонскиот маратон на 15 април годинава. Неговиот брат Тамерлан беше убиен во престрелка со полицијата по нападите.
XS
SM
MD
LG