Достапни линкови

logo-print

Панама бара ОН да го истражат запленетиот севернокорејски брод


Севернокорејскиот брод што беше фатен во Панама како шверцува оружје од Куба.

Севернокорејскиот брод што беше фатен во Панама како шверцува оружје од Куба.

Панама соопшти дека го повикала Советот за безбедност на ОН да го истражи севернокорејскиот брод што беше фатен како шверцува оружје од Куба. Панама го запре бродот минатата недела и го заплени товарот, а капетанот се обидел да си го пресече грлото. Бродот превезувал ракетна опрема, борбени авиони МИГ и друго оружје за кое Куба соопшти дека било „застарено“ советско оружје пратено во Северна Кореја на поправка. Панамските власти соопштија дека очекуваат инспекторите на ОН да пристигнат на почетокот на август. Северна Кореја ја повика Панама да го ослободи бродот и екипажот кој е во притвор и се соочува со обвинение затоа што не пријавил оружје на бродот.
XS
SM
MD
LG