Достапни линкови

Убиен сириски новинар - поддржувач на Асад


Илустрација: Сирија.

Илустрација: Сирија.

Сирискиот новинар Мухамед Дарар Џамо, кој беше силен поддржувач на претседателот Башар ал-Асад, вчера бил убиен во неговиот дом во крајбрежниот град Сарафанд во јужен Либан. Еден Сириец и двајца Либанци биле приведени на сослушување, јавија либанските медиуми. Конфликтот во Сирија почна пред две години, но предизвика судири меѓу неговите поддржувачи и противници и во Либан. Сунитите во Либан ги поддржуваат сиријските бунтовници, а шиитската организација Хезболах е на страната на сиријската влада.
XS
SM
MD
LG