Достапни линкови

Нови измени на изборните закони во Авганистан


Хамид Карзаи

Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги одобри измените во изборните надзорни тела, со што од процесот се отстрануваат набљудувачите од Обединетите нации пре претседателските избори во земјата закажани за идната година. Карзаи го потпиша указот за законите со кои се предвидуваат измените, откако 14 члена парлкаментарна комисија во понеделникот ги изгласа предлог – легислативите. Со новиот закон се задржува Комисијата за жалби за изборите, институција која во 2009 година имаше клучна улога во откривањето на измама во текот на гласањето на претседателските избори. Карзаи претходно бараше во ова надзорно тело веќе да не се вклучуваат набљудувачи од Обединетите нации.
XS
SM
MD
LG