Достапни линкови

Тачи: Почна имплементацијата на договорот со Белград


Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска оцени дека примената на договорот меѓу Белград и Приштина е исклучително важен чекор и изрази уверување дека многу брзо ќе бидат отстранети и останатите две барикади во северниот дел на Косовска Митровица. Тој на владината седница рекол дека е исклучително важно што процесот на имплементација на договорот почнал целосно да се применува. „Слободата на движењето забележи голем напредок. Полицијата и цариниците слободно се движат до премините Јариње и Брњак, што занчи дека целосно е започната примената на Бриелскиот договор. Остана да се работи на отстранување на останатите две барикади“ изјави Тачи.
XS
SM
MD
LG