Достапни линкови

Јахјага: Косово и Македонија со јасна евроатланска иднина


Косовската претседателка Атифете Јахјага на денешната проштална средба со македонскиот амбасадор во Косово Стојан Карајанов високо ги оценила односите меѓу двете држави.Како што стои во соопштението од нејзиниот кабинет, таа му се заблагодарила на македонскиот дипломат за неговата ангажираност и работа, нагласувајќи го значењето од продолжување на соработката меѓу институциите на Република Косово и Република Македонија на заедниот пат кон евроската интеграција. „Соработката меѓу Република Косово и Република Македонија треба да се продлабочува во сите области, посебно во економијата“ изјави Јахјага.
XS
SM
MD
LG