Достапни линкови

Навални ја подигнал потврдата за кандидатура за изборите во Русија


Опозицискиот блогер Алексеј Навални ја подигна потврдата за неговата кандидатура за градоначалник на Москва на локалните избори во септември годинава. Блогерот ја зема потврдата пред да отпатува за Киров каде се чека пресудата по основ на обвинение за затајување на данок. Дури и ако е осуден, Навални има право да учествува во градоначалничката трка, додека се поднесуваат и разгледуваат жалби по судската одлука. Навални се товари за притајување на 510.000 американски долари од компанија за дрвопреработка во 2009 година.
XS
SM
MD
LG