Достапни линкови

Петмина грчки полицајци се самоубиле годинава


Шеснаесет грчки полицајци извршиле самоубиство од почетокот на економската криза во Грција во 2010 година, а петмина од нив се самоубиле годинава, соопшти министерот за јавен ред Никос Дендиас. Информацијата на Дендиас е одговор на пратеничко прашање од Сириза откако еден полицаец во Ханија на Крит минатиот месец се самоуби со службениот пиштол. Пратениците сугерираат дека самоубиствата може да се поврзани со намалувањата на платите во текот на изминатите три години, а дополнителен притисок се и зголемувањата на трошоците. Дендиас рече дека „не постои ниту еден апсолутен фактор“ што предизвикува луѓето да извршат самоубиство.
XS
SM
MD
LG